Навивачите на Ливерпул и Арсенал со задоцнување од десет минути се појавија на „Емирати“ стадионот поради бојкотот за новото поскапување на билетите за мечевите од Премиер лигата.


Од сезона во сезона „скокаат“ цените на билетите за мечевите од најсилната англиска лига што наиде на револт кај навивачите од сите клубови.


Најскапи влезници во Премиер лигата има токму Арсенал, па затоа со помош од фановите на Ливерпул тие упатија јасна порака.

Сите навивачки групи во Англија ќе ги поддржат Арсенал и Ливерпул и на натпреварите ќе се појават со десетминутно задоцнување или ќе молчат во почетните минути од мечот.

Мх.П.