Навивачите на Ливерпул со песна ја прославија смрта на Премиерката Маргарет Тачер, која беше на власт од 1979 до 1990 во Англија. Во нејзиното владаење “црвените“ ја изгубија најголемата битка надвор од теренот, кога во 1989 година се случи “Хилзброу“ и загинаа 96 навивачи од Ливерпул. Тогашната премиерка Тачер притискала истрагата да заврши што побрзо, а до ден денес не е пронајден виновникот за прерано починатите 96 животи.

Мх.П.