Поврзувањето на Филипе Кутињо со трансфер во Барселона ги налути навивачите на Ливерпул кои му ја искршија скапата кола „Порше“ на фудбалерот пред „Енфилд“.
Шпанските медиуми пренесоа информација оти најдобриот фудбалер на Ливерпул последниве неколку сезони е на врвот од трансфер желбите на клубот од „Камп Ноу“.
Барселона дека е сериозна во намерите потврди, откако ја прифати клаузулата од 90 милиони евра која бразилскиот репрезентативец ја има во договорот со „црвените“.
Кутињо минатата сезона ја продолжи верноста со Ливерпул, а неодамна во интервју изјави дека сака еден ден да ги брани боите на Барселона.
OhridNews