Навивачите на Ливерпул му пружија неверојатна поддршка на Дејан Ловрен. Хрватот минува низ тешка играчка криза, а навивачите одлучија да му помогнат и да не му го свртат грбот прогласувајќи го играч за месец октомври на Енфилд.

Ловрен имаше лоши перформанси неколку натпревари во серија. Менаџерот Јирген Клоп прво го повлече од игра на дуелот со Тотенхем во 30-та минута, а потоа го острани од ростерот за следните мечеви.

Сепак, навивачите на „црвените“ не го заборавија и не го оставија својот фудбалер, кој без разлика на лошата форма дава се` од себе во дресот на Ливерпул.

Во трката за најдобар играч Ловрен подобар беше од Мухамед Салах и Филипе Кутињо.

OhridNews