Навивачите на Манчестер Јунајтед кои ќе допатуваат во Скопје во сопствена режија да го бодрат клубот во дуелот со Реал Мадрид во рамките од Супер купот ќе ги заобиколат хотелиерите и приватните сместувачи кои поставија далеку повисоки цени од реалните.

Македонските подржувачите на „црвените ѓаволи“ покренаа петиција за монтирање на кампови кои ќе се нудат бесплатно на навивачите од Манчестер Јунајтед кои ќе допатуваат од целиот свет.

Во центарот на Скопје исто така ќе има тридневен хепенинг на кој ќе се дружат сите навивачи на „црвените ѓаволи“. Како гостин е најавен уредникот на списанието „Red“ кое специјално излегува за клубот од Олд Трафорд.

Натпреварот од Супер купот на „Телеком арената“ закажан е на 8 август.

OhridNews