Младиот голман на Милан, Џиџи Донарума повторно се најде на удар од навивачите, откако неговиот менаџер Мино Раијола јавно објави дека ќе го тужи клубот поради нецелосниот договор кој пред почетокот на оваа сезона го потпишаа двете страни.

Во откупната клаузула Раијола барал да стои сумата од 70 милиони евра, а ако „росонерите“ не се пласираат во Лигата на Шампиони таа да биде значително помала, односно 40 милиони евра. Управата на Милан не дозволила вакво нешто, Рајиола најави тужба, а најдебелиот крај го извлече голманот.

Со разно разни транспаранти синоќа поддржувачите на Милан го прозиваа Донарума кој не можеше да се смири, а на помош дојдoa капитенот Леонардо Бонучи и тренерот Џенаро Гатузо. Победа над Верона 3-0 и пласманот во 1/4 финалето падна во сенка од новата епизода на навивачите со младиот голман.

– Донараму додека е фудбалер на Милан ќе има целоста заштита од мене. Тој е голем професионалец, сака да тренира и тоа е доволно за мене. Никогаш до сега не ми кажал дека сака да си оди, кога ќе го направи тоа ќе имаме друга ситуација, но за тоа ќе разговараме тогаш, а не сега. – порача Гатузо.

OhridNews