Финалниот натпревар на „Монументал“ помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во Копа Либертадорес ќе започне еден час подоцна од предвиденото поради дивеењето на домашните навивачи. Симпатизерите на Ривер Плата со камења и други тврди предмети го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јуниорс.

Официјалните извори од Аргентина говорат дека мечот ќе се одигра вечерва, а последниот збор ќе го има лекарскиот тим, кој ќе одлучи дали повредите на играчите од Бока Јуниорс се сериозни.

Супер дербито во финалето во Копа Либертадорес имаше фантастична најава, откако првиот меч заврши без победни 2-2, а Бока на реваншот испратена беше од 50 000 навивачи на последниот тренинг.

OhridNews