Екипата на Рома на Олимпико со 2-1 ја совлада Сампдорија и ја забележа третата победа во низа во „калчолигата“, а Един Џеко повторно не се запиша во листата на стрелци.


Тренерот на „волчицата“, Лучијано Спалети во 66-та минута при резултат 2-1 во игра го внесе Џеко кој беше бурно поздравен од навивачите на Рома. Џеко минува низ голгетерска криза во својата кариера, но „џалоросите“ покажаа голема почит кон напаѓачот од кој очекуваат голови.


– Додека тој е во вашиот фокус ќе има големи проблеми со притисокот. Полека се ослободува, но далеку е, од она што го барам јас од него. Во неколку акции одлично учествуваше со топка и без топка, а останатите соиграчи мора да ги користат неговите предиспозиции во 16-те метри. – рече Спалети во обраќањето кон новинарите.

Со третата победа во серија Рома сериозно му се доближи на Интер кој ремизираше 3-3 со составот на Верона.

OhridNews