Најмалку 22 лица загинаа во неделата во Каиро, кога навивачи на фудбалскиот клуб Замалек се судриле со полицијата која се обидела да ги спречи да влезат на стадион.
Лекарите најпрвин објавија дека во судирите има 25 повредени лица, но нешто подоцна Минстерството за здравство на Египет објави дека загинале 22 навивачи. Најголем дел од нив загинале во стампедото кое уследило откако полицијата фрлила солзавец со цел да ја растера толпата.
Инцидентите се случиле воочи почетокот на натпреварот од локалната лига меѓу Замалек и Енпи, пред стадионот кој се наоѓа во североисточниот дел на Каиро. На овој стадион навивачите се обиделе да влезат и покрај полициската забрана.
Судирите избиле во престижната каирска населба Тагаму Камис. Сите жртви се навивачи на Замалек, на кои им бил забранет влезот на стадионот, при што полицијата употребила солзавец да ги растера.
Помошник министерот за внатрешни работи на Египет за односи со јавноста, Абделфатах Усман претходно објави дека најмалку девет од жртвите настрадале како последица на стампедо.
Според него, навивачите се обиделе да влезат насила на стадионот, иако кај себе немале влезници. Египетското министерство за внатрешни работи објави дека тоа ја „принудило полицијата да го попречи нивниот движење кон влезот на стадионот“.
Фудбалската федерација на Египет (EFA) во декември 2014 година ја укина забраната за посета на навивачи на првенствени натпревари на египетски клубови во земјата, која беше воведена во 2012 година, по трагедијата во Порт Саид.
Тогаш на натпреварот меѓу ал-Масри и ал-Ахли, на 2-ри февруари 2012 година, избувнаа немири меѓу навивачите во кои загинаа 74 луѓе, а околу 300 беа повредени.
Поради овие мерки кои се донесени од Владата, навивачите многу често се обидуваат на сила да влезата на стадионите.
„Макфакс“