Вистински хаос на сараевските улици предизвикале на навивачите на Лех Познањ во во понеделникот во доцните вечерни часови. Имено, некаде околу 20:30 часот, полските навивачи се судриле со навивачите на Сараево наречени „Хорде Зла“.

Сараевските медиуми пренесуваат дека инцидентот настанал откако полските навивачи започнале да извикуваат „Ова е Србија“, додека според полските медиуми група од околу 30 навивачи на Сараево ги нападнале Полјаците.

Во тепачките низ сараевските улици во населбата Вогошча биле повредни 18 лица, 11 навивачи на Сараево и седум државјани на Полска. Тројца од повредените се здобиле со тешки телесни повреди и се задржани на болничко лекување.

Сараево и Лех, во вторник од 21 часот, ќе го одиграат првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

„Макфакс“