На стадионите во Полска и Грција место главниот збор да го имаат фудбалерите, навивачите со нереди, напади на гостински фудбалери и меѓусебни пресметки им го украдоја вниманието на „главните актери“.


Во Полска по жестоката меѓусебна пресметка на навивачите од екипите на Легија и Јагиелонија судијата реши да го прекине натпреварот.

„Вечното“ дерби кај јужниот сосед меѓу Олимпијакос и Панатинаикос донесе малку повеќе возбудувања, но и тоа главно доаѓаше од трибините.

Најдебелиот крај го извлече тренер на Панатинаикос, кој за од домашните навивачи доби столче за возврат за убедливата победа на неговиот тим 3-0.


Мх.П.