Секторот за внатрешни работи Тетово наскоро ќе стартува со првите активности од новиот превентивно-едукативен проект „Навивај спортски без навреди и насилство’’.

Имено, до крајот на овој месец ќе биде готов и на медиумите во регионот ќе започне емитувањето на наменски изработениот телевизиски спот , а паралелно со тоа  на повеќе места , најмногу пред почетокот на  спортските натпревари, ќе се дистрибуираат и флаери со пораки за фер и коректно однесување на навивачите. Идниот месец, пак, планирани се повеќе состаноци, најпрво со Локалниот совет за превенција во Тетово, како и со претставници од фудбалските екипи и навивачките групи од Полог. На состаноците, поблиску ќе се дебатира за законските импликации, кога станува збор за спортското насилство и за потребата од превземање на сите неопходни превентивни мерки и активности за спречување и надминување на овој вид насилство.

Покрај тоа, со започнувањето на второто полугодие, во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе се одржат пригодни предавања за спортското насилство, со кои ќе бидат опфатени сите ученици од прва до четвртта година.  

Ohridnews