„Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар Митевска на кино репертоарот во НУЦК Григор Прличев- Охрид на 3-ти мај (среда) и 4-ти мај (четврток) почеток 20.00 часот, цена на карта 100 денари.
Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993 Зоран пукал врџз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат болката во нивната потрага по прошка, се вели во описот на содржината на филмот.
Во филмот играат Ирма Алимановиќ, Изудин Бајровиќ, Ведрана Божиновиќ, Јелена Кодриќ, Ана Костовска, Николина Кујача, Лабина Митевска, Ксенија Маринковиќ, Мона Муратовиќ, Аднан Омеровиќ, Кемал Ризвановиќ, Синиша Видовиќ.
Филмот е во продукција на Сестри и браќа Митевски и е наменет за публика над 12 години. Спаѓа во жанрот драма и е со времетраење од 100 минути.
OhridNews