Најниски -10 степени утрово во 8.30 часот се измерени во Берово и во Битола, во Охрид -5, а во Дојран два степени.

Висината на снежната покривка утрово е 46 сантиметри на Попова Шапка, 18 во Маврови Анови, 12 Лазарополе, три сантиметри во Крушево и два во Ѓуриште.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, на места со слаб ветер од северен правец. Утрово од север облачноста се зголеми, па преовладува облачно време. Дува слаб, претежно северен ветер, само во Гевгелија ветерот е умерен.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, во северните делови со појава на локален слаб снег, претежно во планинските подрачја. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Во Охрид умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

OhridNews