Кошаркарите на Сан Антонио ја совладаа Индијана со 95:93 и на својот тренер Грег Поповиќ му ја донесоа 100-та победа во кариерата.
Сан Антонио во Индијанаполис ја надополни негативата од 14 поени со која влезе во последната четвртина и запиша тесна победа (95:93). Италијанскиот репрезентативец Марко Белинели ги постигна победничките поени на две секунди до крајот на натпреварот.
„Овде сум долго и секогаш имав добри играчи во тимот. Тое е формулата за успех“, рекол Поповиќ кој стана деветтиот тренер во НБА историјата со најмалку 1000 победи во кариерата.
Поповиќ има скор од 1000 победи и 462 порази во 19-те сезони на клупата на Сан Антонио.
Сан Антонио до победата го предводеа Тони Паркер со 19 и Тим Данкан со 15 поени.
„Макфакс“