Екипата на Филаделфија го испрати Ален Ајверсон вечно меѓу легендите откако го повлече неговиот дрес со број три од употреба.

Тој во редовите на „76-те“ настапуваше десет години од 1996 до 2006, а со него воскресна екипата и стигна до едно финале каде загубија од Лос Анџелес Лејкерс.

Ајверсон во богатата кошаркарска кариера освојуваше многу индивидуални награди. Во 2001 година беше прогласен за најкорисен играч во лигата, во истата и четири години подоцна Ајверсон беше МВП на Ол Стар натпреварите.

Десет пати непрекинато беше дел од кошаркарските ѕвезди, а четири сезони беше водечки стрелец во лигата и со овие бројки сосема заслужено обезбеди место во легендите.

Мх.П.