Кошаркарите на Атланта забележаа нова победа во НБА лигата совладувајќи ги составот на Далас пред своите гледачи 104-87.


Гостите имаа предност по првата четвртина, но тоа беше се што направија кошаркарите на Далас.

„Јастребите“ со тимска игра го свртеа резултатот во своја полза и на крајот славеа и убедлива победа 45-та сезонава.


Перо Антиќ немаше свој ден во мечот со Далас откако не успеа да се запише во листата на стрелци промашувајќи ги сите удари од поле.

Ohridnews