Ниту негативата од 23 поени по првото полувреме не им пречеше на „јастребите“ да забележат нова победа овој пат над Бостон 109-105.
Кошаркарите на Атланта одиграа маестрална одбрана во вториот период од натпревар во кој примија само 39 поени.
Најдобар меч сезонава одигра македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој постигна десет поени, но имаше клучна улога во одбраната.
Со триумфот над „селтикси“ Атланта го зголеми позитивниот ефект на 10-6 за трето место вкупно во источната конференција.
Мх.П.