Перо Антиќ, со 16 поени беше најефикасен во поразот на Атланта од Голден Стејт 101-100. Македонскиот интернационалец за прв пат сезонава мечот го започна како стартер и максимално одговори на задачата.


Покрај 16-те поени, Антиќ зад неговото име запиша уште седум скокови, една украдена и една загубена топка за рекордни 27 минути игра.

Херој на „воините“ беше Андре Игудала, кој постигна тројка во самата завршница и донесе минимален триумф.

Мх.П.