Лидерот во источната конференција Атланта Хоукс забележа нова победа во НБА лигата совладувајќи го Лос Анџелес Клиперс со 107-98.


На гостувањето во Лос Анџелес македонскиот интернационалец Перо Антиќ го одигра најдобриот натпревар сезона постигнувајќи 13 поени надополнети со два скока и една асистенција.


Со оваа победа „јастребите“ стигнаа до 26-та сезонава и го имаат третиот најдобар скор вкупно во НБА лигата.

Мх.П.