Македонскиот кошаркар во НБА лигата, Перо Антиќ имаше незаборавна вечер на дуелот со Оклахома постигнувајќи рекордни 22 поени во поразот на Атланта 123-115.
Расположениот за игра Антиќ погодуваше од секаде, но не успеа да и помогне на екипата да го избегне 16-от пораз сезонава.
Вкупниот број на поени на мечот со „громовите“ е рекорд за Антиќ во НБА лигата, а перфектната вечер ја расипа Расел Вестбурк, кој зад своето запиша нов трипл дабл учинок.
Покрај поразот „јастребите“ остануваат на првата позиција на истокот. Со уште десет победи и теоретски ќе си ја обезбедат „пол позицијата“ кошаркарите на Атланта во плејофот.
Мх.П.