Кошаркарите на Атланта Хоукс претрпеа пораз 94-92 од бранителот на трофејот во НБА лигата, Сан Антонио Спарс.
Последниот напад на мечот го имаше гостинскиот составо, но македонскиот интернационалец Перо Антиќ го промаши шутот за три поени.
Во текот на мечот Антиќ постигна седум поени надополнувајќи со уште три дефанзивни скокови.
За „јастребите“ ова е втор пораз во третиот натпревар додека „спарси“ во третиот дуел ја забележаа втората победа.
Мх.П.