Пред своите гледачи кошаркарите на Атланта ја совладаа Индијана 110-91 и ја забележаа 14-та победа во низа.


Со овој триумф „јастребите“ го израмнија рекордот стар 21 година кога имаа исти број на победи во серија.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ реализираше солидни 12 поени придодадени со четири скокови и две асистенции.


Атланта со скор 35-9 убедливо е прва на Истокот, а следен нивни ривал е Оклахома предводена од Дурент и Вестбурк.

Мх.П.