Кошаркарите на Атланта на гостувањето во Мемфис ја продолжија победничката серија победувајќи ги „гризлите“ со 96-86.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со 13 поени, три скока и една украдена топка одигра значајна улога во триумфот.
Со победата над „гризлите“ Антиќ и компанија стигнаа до 27-та сезонава и сеуште се на врвот во источната конференција.
Мх.П.