Кошаркарите на Атланта Хоукс успешно ја минаа првата пречка во плејофот елиминирајќи го составот на Бруклин Нетс во шест натпревари (4-2).
Во одлучувачкио меч „јастребите“ го покажаа вистонското лице и го сомлеа противникот победувајќи го со 26 поени разлика (111-87).
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ поради брзите лични грешки, поголем дел од мечот го помина клупата и не успеа да се запише во листата на стрецли.
Во конференциското финале „јастребите“ силите ќе ги одмерат со тимот на Вашингтон.
Мх.П.