Шампионот во источната конференција Атланта Хоукс изедначи 1-1 во серијата со Вашингтон победувајќи со 106-90 во вториот натпревар.


До првата победа во полуфиналето во источната конференција „јастребите“ стигнаа со тимска игра.

Од деветте кошаркари кои настапија против „магионачарите“ осум се запишаа во листата на стрелци, а минимумот беше осум поени колку што реализираше Перо Антиќ.

Гостите немаа одговор за разиграниот напад и ја испуштија предноста стекната со „брејк“ победа од првиот натпревар.


Резултати : Атланта – Вашингтон 106-90 (1-1), Голден Стејт – Мемфис 90-97 (1-1).

Мх.П.