Кошаркарите на Атланта на гостински терен стигнаа до нова победа победувајќи го Сакраменто Кингс со 110-103.
Домаќините пружија солиден отпор, а до победата „јастребите“ стигнаа во последната минута од натпреварот.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за 17 минути на паркетот постигна пет поени, а додаде една блокада и една украдена топка.
Мх.П.