Екипата на Атланта Хоукс со 109-103 го совлада НБА вицешампионот Мајами во претсезонските натпревари.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој настапи со маска на лицето поради фрактурата на носот запиша девет поени и три скока.

Најефикасен во составот на Атланта беше Пол Милсап со 23 поени додека Крис Бош со 22 кошеви беше најпрецизен кај „жешките“.

Мх.П.