Серијата од четири порази Лос Анџелес Лејкерс ја прекина победувајќи го составот на Атланта Хоукс со 114-109.
Текот на мечот и резултатот ќе беше поинаков ако македонскиот интернационалец Перо Антиќ го погодеше обидот за три поени во последната минута.
„Езерџиите“ сезонава играа далеку очајно и имаат резултат (2-11) и победата над „јастребите“ е еден вид изненадување.
Антиќ постигна четири поени, а додаде осум скокови за помалку од 18 минути игра.
Мх.П.