Екипата на Атланта на гостувањето кај Шарлот Хорнетс претрпе пораз 122-119 по две продолженија.
„Јастребите“ во второто продолжение го имаа нападот за победа, но Корвер со фаул во напад им обезбеди меч топка на домаќините кои го искористија.
Перо Антиќ за неполни 23 минути постигна осум поени, а додаде уште два скокови, три асистенции и една украдена топка.
За кошаркарите на Атланта ова е трет пораз во четвртиот натпревар во новата сезона.
Мх.П.