Кошаркарите на Атланта, втор пат сезонава, во третиот натпревар, го совладаа Кливленд и стигнаа до 23-от триумф во првенството. Атланта славеше со 109:101, во натпревар во кој Перо Антиќ беше стартер, а Кливленд играше без Леброн Џејмс.


Антиќ прв пат сезонава се појави во стартната постава на Атланта, тој играше на местото на Ал Хорфорд. Македонскиот интернационалец мечот го заврши со пет поени (1/3 за два, 1/4 за три), еден скок и две асистенции за нешто повеќе од 24 минути колку што мина на теренот.


Џеф Тиг со 23 поени и 11 асистенции ја предводеше Атланта, додека најефикасен во редовите на ‘јастребите’ беше Пол Милсап со 26 поени.

Кај Кливленд се истакна Кајри Ирвинг со 35 поени, 6 скока, 9 асистенции, но и 8 загубени топки.

„Макфакс“