Кошаркарите на Кливленд се наоѓаат пред пласман во големото финале во НБА лигата откако во серијата со Атланта ја забележаа третата победа (114-111).
Со трипл-дабл учинок (37п, 18с и 13а) Леброн Џејмс беше најзаслужен за победата, која „коњаницата“ ја обезбеди по продолжението од пет минути. Добрата игра на Леброн му овозможи доста простор на другите кошаркари кои погодуваа од сите позиции.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ настапи само 13 секунди без шанса за некаков учинок, а најпрецизен со 30 кошеви беше Џеф Тиг.
Мх.П.