Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговата екипа Атланта ја продолжија сезоната од соништата победувајќи го Вашингтон со убедливи 120-89.


Паузата од еден меч добро му дојде на Антиќ, кој постигна 12 кошеви надополнети со пет скока и две асистенции.


Покрај македонскиот кошаркар со двоцифрен број на поени завршија уште седум играчи што и беше клуч на осмиот триумф во низа за „јастребите“.

Мх.П.