Кошаркарите на Атланта експресно се вратија во победнички колосек совладувајќи го Феникс на гостински терен со 96-87.
„Јастребите“ победата ја обезбедија во последната четвртина каде одиграа перфектно и „стопија“ предноста на домаќините.
Перо Антиќ за 17 минути на теренот реализираше шест поени, а додаде уште четири скокови.
Најпрецизен во победничкиот состав беше Пол Милсап со 23 поени, а Кајл Корвер уфрли 14.
Мх.П.