Кошаркарите на Атланта Хоукс до 12-та победа во 13-от натпревар стигнаа победувајќи го Далас 105-102 среде Тексас.


„Јастребите“ доминираа три четвртини на мечот, во последната „маверикси“ се вратија во игра, но не успеаја да направат целосен пресврт.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во победата над Далас постигна пет поени, а додаде уште три скокови и една блокада.

Мх.П.