Кошаркарите на Атланта Хоукс царуваат на Истокот откако во конференциското дерби го совладаа Торонто со 110-89.
Триумфот на теренот од противникот беше 11-ти во низа за „јастребите“ кои ја играат сезона од соништата.
Во убедливата победа Македонецот, Перо Антиќ имаше скромен учинок од три поени за повеќе од 16 минути поминати на теренот.
Атлатан котира највисоко на табелата во источната конференција со 32 победи и осум порази додека вкупно подобар скор од „јастребите“ има Голден Стејт 31-6.
Мх.П.