Кошаркарите на Атланта на гостувањето во Јута ја продолжија победничката серија совладувајќи го домаќинот со 100-97.
Триумфот над „џезерите“ е трет во низа за „јастребите“ кои сега имаат позитивен скор (4-3) на табелата во источната конференција.
Перо Антиќ за скоро 20 минути постигна шест поени и додаде уште пет скокови. Херој на гостите беше Кајл Корвер, кој постигна тројка за победа.
Мх.П.