Македонскиот интернационалец Перо Антиќ се врати на кошаркарските терени во НБА лигата по турбулетните неколку денови кои ги имаше вон кошарката.


Антиќ беше дел од составот на Атланта, кој лесно и убедливо го совладаа Шарлот со 104-80 за 60-та победа сезонава. Тој постигна пет поени за 13 минути игра, а запиша два скока и една асистенција.


Македонецот беше во центарот на медиумите откако со неговиот соиграч Тибо Сефолоша беа приведени по наводното учество во тепачка во центарот на Њујорк.

Ohridnews