Македонскиот интернационалец Перо Антиќ сезонава нема да биде дел од Ол стар викендот, кој ќе се одржи во Медисон Сквер Гарнде од 13 до 15 февруари.
Челниците на НБА лигата ги објавија имињата на играчите кои се дебитанти и оние кои веќе играат една сезона во најјаката лига, а меѓу нив го немаше кошаркарот на Атланта.
Годинава место натпревар меѓу дебитантите и кошаркарите со една сезона искуство ќе се одигра дуел меѓу „ѕвездите во подем“ и кошаркари кои доаѓаат од странство.
Антиќ минатата година беше дел од Ол стар викендот откако настапи во тимот на дебитантите.
Мх.П.