Екипата на Атланта Хоукс продолжува со одличните игри во НБА лигата. Овој пат „јастребите“ нова победа забележаа совладувајќи го ЛА Клиперс со 107-104.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ воопшто не настапи на мечот и од клупата го проследи 19-от триумф на неговата екипа.


Сезонава Антиќ игра помалку во однос на минатата која беше дебитанска во НБА лигата за екс репрезентативецот на Македонија.

Мх.П.