Екипата на Атланта, во Орландо, ја прекина серијата од две победи, откако против Магичните загуби со 109:102. Перо Антиќ, кој на претходниот натпревар со Шарлот, беше херојот на Атланта, на паркетот мина нешто повеќе од 20 минути.


Македонецот, кој по повредата на Ал Хорфорд, минува повеќе време на теренот, натпреварот го заврши со пет поени, исто толку скокови и една асистенција.

Џеф Тиг со 22 поени и 8 асистенции беше најефикасниот играч на Атланта, каде двоцифрен број на поени постигнаа уште Лу Вилијамс (18), Пол Милсап (17) и Шелвин Мек (14).

Орландо до победата стигна со тимска игра, дури седуммина кошаркари на оваа екипа постигнаа најмалку по 10 поени, а со учинокот се истакнаа Арон Афлало (21 поени, 7 асистенции) и Никола Вучевиќ (16 поени, 14 скокови).

Оклахома, предводена од Кевин Диурент (33 поени, 13 скокови, 5 асистенции) до декласираше Хјустон со 117:86. Во отсуство на Расел Вестбрук, Дурент доби поддршка од Реџи Џексон (16 поени, 8 асистенции), Џереми Лемб (22 поени) и Табо Сефолоша (13 поени).

Катастрофалната шутерска вечер на Џејмс Харден и Двајт Хауард е една од причините за убедливиот пораз на Хјустон. Харден постигна 8 поени (2-9 од поле), а Хауард реализираше 9 поени (4-13 од поле, 1-7 слободни фрлања).

Најинтересниот натпревар го одиграа Кливленд и Голден Стејт, екипата од Оукленд забележа победа во продолжението 104:108. До петтата последовна победа, Голден Стејт, го предводеше Стефон Кари со 29 поени, 11 асистенции и 9 скокови.

Сакраменто загуби од Сан Антонио со 112:104, иако во последната четвртина Кралевите влегоа со плус од шест поени. Големата тројка Паркер-Данкан-Џинобили, ги предводеше Спарси до нова победа. Џинобили постигна 28, Паркер 22, а Данкан 17 поени.

Филаделфија си најде жртва и успеа да стави крај на серијата од 13 порази. Тадиус Јанг постигна 25, а Еван Тарнер 22 поени во победата на Филаделфија во Лос Анџелес, над Лејкерси од 111:104.

 

„Макфакс“