Кошаркарите на Атланта Хоукс пред своите гледачи со 103-96 го совладаа составот на Њујорк Никс.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше скромен учинок од два поени и два скока за 17 минути игра на паркетот.


Со оваа победа „јастребите“ ставија точка на серијата порази на стартот од новата сезона во НБА лигата и имаат скор две победи и четири порази.

Мх.П.