Македонскиот интернациоаналец во НБА лигата, Перо Антиќ со пораз од Портланд 102-78 се врати на теренот откако отсуствуваше поради повреда.

Антиќ во убедливиот пораз одигра повеќе од 16 минути постигнувајќи 10 поени и додавајќи уште четири дефанзивни скокови.

На дуелот со Портланд запре серијата на Кајл Корвер, кој 127 натпревари еден по друг постигнуваше тројка. Тој на мечот со „трејлблејзерси“ имаше 5/0 обид за три и го прекина импозатниот низ.

Мх.П.

Како да заработите пари? – Форекс Берзата рај за инвеститорите