Четири поени, три скокови и три изгубени топки стоеше зад името на Перо Антиќ во тестаната победа на Атланта против Хјустон 83-80.

Антиќ, кој беше стартер на мечот на теренот помина повеќе од 21 минута во која немаше премногу блескави моменти, но се се заборава кога екипа ќе победи.

Најпрецизен во победничкиот состав беа кошаркарите Милсап и Корвер кои реализираа по 20 кошеви. Џокер кај „јастребите“ беше Скот, кој од клупата постигна 14 поени.

Екипата за која настапува македонскиот интернационалец има скор од 20 победи и 17 порази по речиси половина од натпреварите во регуларниот дел од сезоната.

Мх.П.