Пред очите на голем број фудбалери од Премиер лигата, екипата на Перо Антиќ, Атланта Хоукс претрпе пораз од Бруклин Нетс 127-110.

Мечот меѓу овие два тима се одигра во Лондон или во О2 арената, а ова е практика на НБА лигата за популаризација на кошарката ширум светот.

Антиќ за 23 минути помина паркетот во О2 арената постигна 11 поени, а додаде уште пет скока и една асистенција и се престави во одлично светло пред очите на фудбалерите од Премиер лигата.

Мх.П.