Атланта е првата екипа во НБА лигата која стигна до 40 победи во првенството. ‘Јастребите’ во ноќта помеѓу саботата и неделата славеа над Филаделфија со 91:85. Лидерот во лигата има скор од 40 победи и осум порази.
Атланта против Филаделфија уште во раната фаза на мечот стигна до двоцифрена предност која без проблем ја одржа до крајот на мечот. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не играше на овој натпревар.
До 19-та победа во низа Атланта ја предводеше Ал Хорфорд со 23 поен и 11 скокови, а покрај него уште четворица играчи постигнаа двоцифрен број на поени.
„Макфакс“