Без Перо Антиќ во составот кошаркарите на Атланта Хоукс претрпеа убедлив пораз од Милвоки Бакс 107-77.
Антиќ поради повреда на зглобот го пропушти вториот натпревар откако го немаше во ростерот за дуелот со Лос Анџелес Клиперс.
За „јастребите“ ова беше седми пораз сезонава, втор во последните 16 натпревари.
Со 21 победа кошаркарите на Атланта се наоѓаат на втората позиција на табелата во источната конференција.
Мх.П.