Атланта и Голден Стејт се првите тимови кои сезонава остварија 50 победи во НБА лигата, додека Њујорк го запиша 50-от пораз.
Перо Антиќ со одлука на тренерот не играше на натпреварот во кој Атланта го декласира Сакраменто со 130:105. Сите играчи на Атланта кои играа на овој меч постигнаа поени, а шестмина имаа двоцифрен број на поени.
Кајл Корвер и Ал Хорфорд постигнаа по 20 поени, а Џеф Тиг имаше учинок од 18 поени и 13 асистенции.
Голден Стејт предводен од Стефон Кари (36 поени) и Клеј Томпсон (25 поени), славеше над Феникс со 98:80.
Атланта има скор 50 победи и 13 порази, додека Голден Стејт е со учинок од 50 победи и 12 порази.
„Макфакс“