Кошаркарите на Атланта го зголемија водството во плејоф серијата (2-0) победувајќи го Бруклин со 96-91.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за 13 минути на паркетот имаше одличен учинок од 8 поени, а додаде уште 2 скока.
Најпрецизен во победничкиот состав беше Пол Милсап со 19 кошеви, а два помалку од него реализираше Кајл Корвер.
Плејоф серијата се сели во Бруклин каде ќе се одиграат два натпревари.
Резултати : ЛА Клиперс – Сан Антонио 107-111 (1-1), Мемфис – Портланд 97-82 (2-0), Атланта – Бруклин 96-91 (2-0).
Ohridnews