Кошаркарите на Атланта Хоукс ја осигураа првата позиција во источната конференција победувајќи го Мајами пред своите гледачи 99-86.


„Јастребите“ на најдобар можен начин со конференцикска титула ја крунисаа една од најдобрите сезони во својата историја.

По обезбедување на пол позицијата пред почетокот на плејфот кошаркарите на Атланта мирно ќе ги доиграат преостанатите натпревари по кои ќе го дознаат и противникот.


Со одлука на тренерот Перо Антиќ не настапи на дуелот со „жешките“, a најпрецизен со 24 поени во победничкиот состав беше Ди Мар Керол.

Мх.П.